Дознала што прави момчето на нејзиниот Фејсбук профил додека спие: Потоа јавно го засрамила
Очигледно дека е нејзиното момче е екстра љубоморно...
Оваа девојка се нашла во една чудна и бизарна ситуација. Она што е најлошо е тоа што ова се случувало некое време, а таа тоа воопшто не го забележала тоа и сѐ поради ужасната љубомора на своето момче. Освен неа, во коментари ѝ пишаа уште многу девојки на кои им се случило нешто идентично како на оваа девојка од ТикТок.
Доколку сметаш дека твоето момче е љубоморно, можеби грешиш. Оваа девојка снимила видео во кое покажува листа на која се гледа дека таа од својот Фејсбук профил ги избришала машките пријатели. Но, работата е во тоа што сите тие машки пријатели од Фејсбук не ги избришала таа, туку нејзиното момче, а најбизарното нешто е тоа што сето тоа се случувало навечер, додека таа спиела. Видливо е дека листата со отстранети Фејсбук пријатели е навистина долга, а сите избришани пријатели биле машки.
@zoeehollibaugh He think he slick ##greenscreen ##fyp
original sound - Mercedes
Очигледно е дека нејзиното момче било навистина љубоморно штом среде ноќ ги бришало нејзините машки пријатели од Фејсбук. Но, таа не е единствената која се нашла во ваква ситуација, туку и многу други девојки кои ѝ напишале коментари на нејзиното видео на ТикТок.
„Моето поранешно момче го правеше тоа“, „Исто и кај мене. Дознав така што тој разговараше со други девојки и поради тоа беше толку несигурен кон момците на мојот Фејсбук“, „Мојот поранешен го правеше ова. ОСТАВИ ГО“ - пишуваа девојките.
Има и такви кои сметаат дека овој потег е дефинитивно црвено знаме во нивната врска и дека ниту едно момче не смее да го прави тоа.
„Ако момчето го прави тоа, прекини со него! Довербата е најважната работа во врската“ - се изјасни една девојка.
Ние, во потполност се согласуваме со неа, така што, девојки, ако се најдете во ваква ситуација, знаете што треба да правите.
фото: Andrey_Popov / Shutterstock