Драма кај таткото на сијамските близначки: Како да одлучам која да живее?

Драма кај таткото на сијамските близначки: Како да одлучам која да живее?

Објавена во: Совети // Семејство

Ибрахима Ндијаје од Сенегал побарал помош во британската болница Great Ormond Street Hospital за неговите девојчиња Мариме и Ндеј кога имале само 7 месеци. Денес имаат три години. Пред тоа се јавил во болниците во Белгија, САД, Германија, Зимбабве, Шведска и Норвешка, пишува The Sun.

Девојчињата се родиле со одвоени глави, срца и бели дробови, но го делат црниот дроб, мочниот меур и дигестивниот систем и заедно имаат три бубрези. Срцето на Мариме е послабо и докторите предвиделе дека нема долго да живее. Ако таа почине, ни нејзината сестра близначка нема да преживее.

„Во оваа ситуација не го користете умот за одлука туку слушајте го своето срце. Секоја одлука која ќе ја донесете ќе ве скрши, со толку многу последици и немири“ - вели Ибрахима. Има шест деца, а  објаснува дека работи како проектен менаџер за настани во туризмот. Неговата сопруга е во Сенегал, а тој со девојчињата живее во Кардифу. Докторите од Great Ormonda со него разговарале за можностите на лечењето. Лекарскиот тим кој се грижи за девојчињата, побарал помош од Комисијата за етика која е предводена од страна консултатнт педијатарот д-р Џое Брири.

„Во однос на периодот од пред 20 или 30 години, денес можеме да правиме незамисливи зафати. Но тоа што можеме, не секогаш значи дека секогаш требаме. Смртта на Мариме, значи смрт и за Ндеј и тоа не е возможно да се промени ни да се запре. А во моментот кога Мариме ќе почне да умира, веќе нема да има опции за раздвојување“ - појасни докторот.

Медицинскиот тим кој го предводи проф. Паоло де Копи откри дека срцето на Мариме е многу слабо и протокот на кислорот во крвта е многу ниска.

„Паоло ми рече дека нема да може да направи раздвојување без да ја изгубиме Мариме. Светло, надеж, очекувања - се наеднаш исчезна“ - им раскажа Ибрахима на новинарите. На крајот заклучи дека не може да ги раздвои ќерките знаејќи дека тоа ќе ја убрза смртта на Мариме.

„Тие се заедно и тие се еднакви. Болницата Geat Ormond кон мене беше многу јасна и отворена за време на целото лечење. Никогаш не сум чувствувал притисок дека треба да се сложам за операцијата. Секогаш ме почитуваа. Знам дека ќе дојде време кога тие две ќе мора да одат. Но, во овој момент тие се борат и исто така ми даваат сила за живот. Морам да знам дека сум им овозможил се што сум можел. Среќен сум што имав можност да бидам дел од ова патување. Не знам како ќе се заврши“ - кажа скршениот татко.


Извор: 24vesti.hr

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: