Драма во палатата: Кралицата повеќе не ги чува фотографиите од Меган и Хари
Во Бакингемската палата на масичката покрај лампата претходно имаше три фотографии, сега има само две, пишува DailyMail. Кога Киша Александер - Грант ја посети кралицата Елизабета, странските медиуми забележаа дека таму нешто недостасува, а тоа е фотографијата од Меган Маркл и принцот Хари.
Сега таму стојат само фотографиите на кои позираат принцот Вилијам и Хари во војнички одбор и семејниот портрет на Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг.
Последен пат фотографијата од Меган и Хари стоеше на истото место кон крајот на јули кога кралицата го угости премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон.