Душко Тошиќ ги зема Атина и Ника и замина далеку од Јелена: Првите докази се тука (ФОТО)
Среќа во домот на Тошиќ...
Минатиот Божиќ Јелена Карлеуша го пријави својот сопруг, Душко Тошиќ за семејно насилство.
Подоцна демантираше сѐ, а пред неколку дена повторно потврди дека таа била онаа која повикала полиција. И ова е само почеток на оваа семејна драма во домот на Карлеуша и Тошиќ.
И додека таа изминатиот период, му се обраќаше на својот сопруг преку медиумите, Душко со нивните ќерки - Атина и Ника, ужива во празничните прослави, и тоа без Јелена.
Имено, Душко, го прославуваше роденденот на неговата внука од сестра, а на прославата присуствуваа и неговите ќерки, Атина и Ника, додека пејачката не се појави на оваа прослава.
Сето ова на Инстагра го откри Катарина, сестрата на Душко, која сподели фотографија од прославата, а на фотографијата може да ги видиме Атина и Ника со нивната братучетка, која се подготвува да ги дувне роденденските свеќички.
фото: Принтскрин / Инстаграм