Две девојчиња починаа поради нов предизвик на ТикТок: Родители внимавајте на вашите деца!

Две девојчиња починаа поради нов предизвик на ТикТок: Родители внимавајте на вашите деца!

Објавена во: Stars // YouTube видеа

фото:unsplash

TikTok е тужен за убиство од небрежност откако две девојчиња починаа обидувајќи се да направат нов предизвик.

Лалани Ерика Волтон (8) и Ариани Џелин Аројо (9) починале откако се обиделе да имитираат предизвик во кој се обидувале да го задржат здивот додека не се онесвестат, пишува Лос Анџелес Тајмс.

Тие две сакаа да станат познати на оваа платформа и мислеа дека нивното видео веднаш ќе стане вирално, па го снимија виралниот тренд наречен „Eclipse“ до степен на исцрпеност. Тужбата за убиство од небрежност беше поднесена во петокот во Врховниот суд на округот Лос Анџелес. Во тужбата се наведува дека алгоритмот на апликацијата им препорачал ваква содржина на девојчињата.

Полицијата го одзеде телефонот и таблетот на Ерика Волтон. Полицајците рекоа дека девојката ги гледала видеата од предизвикот одново и одново.
Тие беа итно пренесени во болница и ставени на респиратор, но ја изгубија целата мозочна функција и на крајот беа извадени од апарати за одржување во живот.

Се повеќе деца умираат вака

Ова не се првите деца кои починале обидувајќи се успешно да завршат предизвик од оваа социјална мрежа. Во слични околности животот го загуби и 10-годишната Најла Андерсон. Во мај, нејзината мајка поднесе тужба против TikTok и нејзината матична компанија BiteDance.

Предизвикот е поврзан со најмалку четири други смртни случаи на деца на возраст од 10 до 14 години во Австралија, Италија, Колорадо и Оклахома.

Во последниве години, се појавија неколку опасни трендови на различни платформи за социјални медиуми, вклучувајќи го и ТикТок, како што е „Предизвикот Бенадрил“ каде децата земаа дрога во обид да предизвикаат халуцинации.

извор: najzena


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: