Две девојки исчезнаа откако се пријавија во „опседнат“ хотел: 18 години целосна мистерија, која на крај се реши

Две девојки исчезнаа откако се пријавија во „опседнат“ хотел: 18 години целосна мистерија, која на крај се реши

Објавена во: Совети // Семејство

Дури кога излегоа тројца сведоци, полицијата и јавноста дознаа што се случило во 1996-та година

Две девојки во Јапонија кои исчезнаа откако рекоа дека отишле да посетат напуштен и „опседнат“ хотел се пронајдени мртви во автомобил на дното на морето 25 години по нивното исчезнување.

Мегуми Јашики (19) и Наруми Такуми (19) исчезнаа во 1996-та година. Тие им кажале на своите семејства дека со автомобил одат во градот Уоза за да посетат хотел со топли извори, кој бил напуштен, а мештаните тврделе дека тоа е „опседнато место“, пишува магазинот „Феникс“.


Хотелот „Цубоно“ се затвори во 1980-тите поради финансиски проблеми, но набрзо стана место за собирање на сомнителни луѓе. Последниот контакт со девојките бил кога Такуми испратила порака која едноставно гласела: „Ние сме во Уозу“. Два дена подоцна, тие беа пријавени за исчезнати и никогаш повеќе не беа видени додека нивните останки не беа пронајдени 25 години подоцна во пристаништето „Фушики“ - на околу 13 километри од нивниот дом во градот Хима.

Полицијата со години не знаеше што се случило, но кон крајот на 2014-та година излегоа тројца сведоци, од кои едниот рече: „Автомобил со две жени слета во морето од паркинг во близина на паркот „Каиомару“ на полноќ во 1996-та година.“ Тие се приближиле до автомобилот, но тој „наеднаш почнал да се движи наназад и паднал во морето“.

На прашањето зошто им требало толку време да одговорат, тие рекоа дека биле „исплашени“. Но, и тогаш полицијата не реагирала веднаш. Биле потребни уште неколку години за да се пронајдат останките на несреќните девојки.

На интернет кружат различни гласини - од вмешани тинејџерски банди со мотоцикли, до вмешани агенти од Северна Кореја. Но, тажната вистина е дека полицијата не постапила брзо по изјавите на сведоците и чекала шест години пред да го пребара местото во морето кадеслетал автомобилот и каде конечно биле пронајдени телата.

Извор: www.kurir.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: