Две фотографии од Инстаграм кои докажуваат како апликацијата драстично го менува изгледот

Две фотографии од Инстаграм кои докажуваат како апликацијата драстично го менува изгледот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

„Не верувајте во она што го гледате на социјалните мрежи“

Британката Емили Кларксон одлучи да го искористи влијанието кои го има на Инстаграм и на сите да им покаже колку популарните филтри за обработка на фотографиите може драстично да го променат физичкиот изглед и така негативно да влијаат на самодовербата на жената.

Инфлуенсерката Емили Кларксон се занимаваше со една од актуелните теми на денешницата - претераното разубавување на фотографиите поради промоција на совршен изглед.

Свесна за негативното влијание на социјалните мрежи, пред се поставувањето на нереални стандарди на убавина, Емили реши да спореди две свои фотографии, една на која е потполно природна и една која е разубавена со помош на апликации.

Потполно неверојатно! Таа со само неколку кликови успеа да ги санира сите ситни маани, да постигне блескав сјај на кожата, како и да ја промени бојата на косата. Многумина и се благодарни на овој потег и искреност.

„Мора да бидете свесни колку е искривена реалноста на Инстаграм. Мојата кожа е мазна и блескава. Неправилностите исчезнаа. Очите блескаат, а тоновите се помеки. Намалив поединечни делови на лицето, а некои ги зголемив. Не постојат само неколку филтри, туку премногу апликации кои може да направат се што ќе ни текне. А, најлошата работа во врска со тоа е тоа што вие немате идеа кој ги користи и како тој некој го менува својот изглед“ - напиша Емили.


Влијателната инфлуенсерка во својата објава објасни колку е опасно да се споредуваме со други личности кои драстично го менуваат својот физички изглед. Напомена дека доколку сами го правите тоа, проектираме нездрава слика која може негативно да влијае на сопствената самодоверба.

„Иако никогаш нема да обвинам поединци поради самостојното уредување на фотографиите (голем број го прават тоа поради своите несигурности), мора да се позанимаваме со однесувањето на некои луѓе, кои ги сметаме за пример. Фактот дека тие во потполност може да го изменат својот реален изглед, предизвикува повеќе проблеми отколку што може било кој од нас да сфати. Се споредуваме со луѓе кои едноставно НЕ ПОСТОЈАТ. Ги гледам своите уредени фотографии и едвај ја познавам личноста, а повторно... тоа сум 'јас' - 'холивудската' верзија е достапна на некои апликации. Како би требало тогаш да се чувствувам добро кога ќе се погледнам во огледало... доколку не личам на личноста која сум ја објавила на Интернет?“ - додаде во својата објава.


Емили отвори многу важна тема на Инстаграм, а во едно поранешно интервју за британските медиуми кажа дека се надева дека со помош на овие видеа ќе ги поттикне корисниците на социјалните мрежи да се преиспитаат дали е „реално“ она што го гледаат.

Како резултат, можеби ќе престанат да се споредуваат со често нереалните визии за убавина.

„Не верувајте во се што ќе видите на социјалните мрежи. Невозможна мисија е да се споредувате со другите.“ - заклучи Емили.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: