Две години го носела прстенот скриен во ѓердан: Момчето се исплашило дека ќе го изгуби, па ја запросило во пештера
Во слободното време, Тери од Австралија се занимава со столарија и преработка на дрво, па решил да и направи единствено парче накит на својата девојка Ана за првата годишнина од нивната врска.
Пред две години тој и подарил ѓердан кој самиот го направил, но тој накит имал една тајна - тој скрил дијамантски прстен во внатрешноста на приврзокот.
- Еднаш шетавме низ трговскиот центар, каде што имаше многу од тие продавачи на накит на штандовите, а на Ана и се допадна еден ѓердан, а на продавачот оној што таа го носеше. За малку не ги сменија, срцето ми чукаше до петиците - Тери се сети дека неколку пати бил во непријатна положба поради тајната која се наоѓа на ѓерданот.
- Времето поминувало, а Ана не успеала да го открие скриениот прстен, па Тери решил да ја запроси, делумно поради стравот да не го изгуби прстенот.
- Тие заминале на романтично патување во Шкотска каде ја посетиле Сма, познатата морска пештера, и таму тој ја замолил да и го даде ѓерданот. Додека Ана му свртела грб, романтичниот млад човек паднал на едното колено, држејќи го ѓерданот со прстен во раката.
„Ана се шокираше кога откри дека ѓерданот се отвора и дури тогаш проработе нејзиниот мозок“, рекол Тери низ смеа.
- Можев да го изгубам, будала - рече спонтаната и непланирана романтичарка Ана, но имајќи предвид дека носела драгоцен прстен околу вратот без да знае за тоа, нејзината реакција е сосема разбирлива. Сепак, таа рекла „да“ и сето тоа завршило убаво.
Фото: профимедиа