Џанлука не ја испушташе од раце 28 години помладата сопруга: Еве која е убавата Шенон, која му роди ќерка
Популарниот италијански милионер и миленик на жените, Џанлука Ваки (53) денес во Белград ја прими втората доза од вакцината против коронавирусот, а неговата убава сопруга Шенон Фонсека (25) не се одвојуваше од него.
Згодниот Џанлука, на задоволство на многу жени, се ревакцинираше без кошула. По него, Шенон се вакцинираше со вакцината Фајзер, а сите ги воодушеви со својата убавина и позитивната енергија што ја зрачи.
Шенон не се оддели од Џанлука, фатени за раце пристигнаа на саемот во Белград каде беа повторно вакцинирани, а за таа прилика двајцата дури ги имаа усогласено своите стајлинзи. Џанкула носеше црни панталони, бела кошула и кремаста јакна, а Шенон блескаше во бели панталони и блуза.
Сопругата на Џанлука е 28 години помлада од него, и иако многумина на почетокот не им предвидуваа заедничка иднина, тие со својата љубов ги негираа. Во октомври минатата година тие добија ќерка која ја нарекоа Син Ерусалим Ваки.
Шенон е родена во Венецуела и живеела во Мајами, каде создавала кариера. Студирала дизајн и била дел од агенцијата Дас Моделс.
Учествувала во неколку серии како „Owners of paradise“, „Land of kings“, „Under the same sky“, „Who is who?“ и „Jenny Rivera: Mariposa de barrio“.
Но, нејзиниот живот се промени кога го запозна Ваки, во 2018 година.
Двајцата не се разделуваат, што можеше да се забележи и во Белград. Важат за една од најпопуларните и најхармоничните двојки во светот, кои ги следат милиони луѓе на социјалните мрежи.