Џастин Бибер ги шокираше сите: Откри дека има сериозен здравствен проблем, ја откажува светската турнеја
Џастин не објави кога би можел да се врати на сцената...
Популарниот пејач, Џастин Бибер најави дека ќе земе пауза и привремено ќе ја прекине својата веќе одложена светска турнеја „Justice World Tour“ поради здравствени проблеми.
Музичарот на социјалната мрежа Инстаграм напиша дека шесте настапи во живо, кои ги обработил откако порано оваа година му беше дијагностициран синдромот Ремзи Хант, „го земале данокот“.
„Минатиот викенд настапував на музичкиот фестивал „Rock In Rio“ и им го дадов максимумот на луѓето во Бразил“ - напиша Бибер и додаде дека исцрпеноста го совладала.
Откако се посоветувал со своите доктори, членовите на семејството и тимот, пејачот ги извести обожавателите дека здравјето му е приоритет во однос на турнејата.
„Сега ќе направам пауза од турнејата. Ќе бидам добро, но ми треба време да се одморам и оздравам“ - напиша.
Неговата турнеја веќе порано оваа година беше одложена, бидејќи пејачот и членовите на неговиот тим беа позитивни на коронавирус, поради што светската турнеја конечно започна во март.
До март 2023 година има 70 закажани концерти во Јужна Америка, Азија, Австралија, Нов Зеланд и Европа. Џастин не објави кога би можел да се врати на сцената, а ниту неговите публицисти не им одговорија на новинарите на барањето за споделување на повеќе детали.
Потоа, пејачот откри дека му е дијагностициран синдромот Ремзи Хант, кој го карактеризира парализа на едната страна од лицето.
Поради заздравувањето беше приморан да ги откаже своите настапи. Тогаш објави видео на Инстаграм на кое се гледаше дека едната страна од лицеето му е парализирана, но на обожавателите им порача дека му е потребно само време за да заздрави.
фото: Принтскрин / Инстаграм