Џејк Пол со нова цел: Решен е да ја врати својата поранешна Тана
Тана ги праша обожавателите дали сметаат дека треба да се смири со Џејк, а тој гласаше со „да“!
Џејк Пол си зададе цел. Повторно сака да ја освои својата поранешна, јутјуберката Тана Монгеу. Исто така и таа размислува за смирување, а тоа се претпоставува од интересното прашање на Инстаграм.
Имено, таа побара совет од обожавателите на Инстаграм и праша дали сметаат дека треба да се смири со Џејк. Секако, одговорите започнаа брзо да стигнуваат.
— future stripper (@tanamongeau) February 1, 2020
Одговорите на обожавателите стигнуваа со брзина на светлината, а помеѓу нив се најде и одговорот на Џејк, кој бесрамно одговори „ДА“ и ѝ даде до знаење дека треба да се смири со него. Таа направи „принт скрин“ кој подоцна го сподели на Твитер, но без никаков посебен коментар.
Но, штом сите помислија дека оваа „драма“ ќе застане овде, по еден час таа ги твитна и зборовите на песната „I Will Always Love You“ од Витни Хјустон, преку што можеби сакаше да порача дека има уште шанса за нив двајца. Или дека само добро се шегува...
and iiiiiiiiiiiiiiiiii will alwaaaaays loooove yoooooooouuuuuu
— future stripper (@tanamongeau) February 1, 2020