Џејмс Чарлс губи следбеници за рекордно време: По една фотка на Инстаграм, над 100.000 фанови го отследија одеднаш (ФОТО)
Опаѓа популарноста на Џејмс Чарлс по сите скандали.
Колку е лесно да погрешиш кога си инфлуенсер, многупати почувствувал на своја кожа јутјуберот Џејмс Чарлс. И повторно му се случува токму сега кога по објавувањето на една фотографија, за рекордно време изгуби над 100.000 следбеници.
Инфлуенсерите понекогаш малку претеруваат. Да, сакаме да ѕирнеме во нивниот приватен живот, но не сакаме да гледаме СЕ.
Џејмс Чарлс (повторно) малку претера и тоа го чинеше следбеници. Иако 100.000 до скоро 23 милиони следбеници на Инстаграм не значи многу, но сепак е почеток на нешто. А толку многу фанови „побегнаа“ веднаш по една од неговите последни објави. Кога ќе видите за што се работи, ќе ви биде јасно. Ако го следите, можеби сте пропуштиле, бидејќи тоа беше Инстаграм приказна. Што е уште поневеројатно поради едно „story“ да останте без толку многу следбеници, но…
Фотографијата е направена на една од последните фотосесии кои ги имал, во сладок костим за капење. Но она што го објави е фотографија на која го мести половиот орган во костимот за капење за да изгледа како да го нема. На многумина, не им се допадна безобразната содржина која ја пласираше и започна масовно збогување, пишува The Tab.
Луѓето се шокирани што решил да ја сподели оваа фотографија! Не е невообичаено или шокантно што сака да изгледа феминизирано, навикнати сме да го гледаме во фустани за девојчиња, но да покажеш такви работи значи да ја преминеш границата.
Дури и Твитер ја означи фотката како „сензитивна содржина“ поради голотијата.