Џејмс Чарлс и колегите донираат и ги забавуваат фановите: Кои техники на шминкање ги покажаа?
Минатата недела Џејмс Чарлс пред натпреварувачкото шоу „Instant Influencer“ остави задача да снимаат соработка со некој од познатите имиња од светот на убавината и шминката, а сега тој предизвик го прифати и самиот и тоа со помош на седум истакнати членови од заедницата за убавина.
Во новото видео под назив „Најголема соработка за убавина во историјата“, Џејмс Чарлс ги собра Patrick Starrr, NikkieTutorials, Nikita Dragun, Mykie, Manny MUA, Louie Castra и Bretman Rock и сите заедно снимија видео во кое гледачите ќе ги подучуваат за техниките на шминкањето.
Сепак, видеото не е снимено само за да се забавува публиката, туку и за да се соберат пари за фондот за солидарност на Светската здравствена организација во борбата против Ковид - 19, пишува Paper.
Инаку, овој проект го започна Чарлс со својата лична донација во износ од 25.000 долари, а досега се соберени приближно 5 милиони долари. Гугл исто така вети дека ќе уплати два долари за секој дониран долар.