Џејмс Чарлс призна: Заведував малолетни момчиња
Повеќе малолетници го обвинија Џејмс Чарлс дека им испраќал непристојни пораки обидувајќи се да ги заведе, а инфлуенсерот дури сега проговори за тоа, признавајќи дека сето тоа е вистина. Така тој сподели видео кое трае 14 минути, во кое признава дека се однесувал многу непримерно кон момчиња кои имаат само по 16 години. Во своја одбрана, Џејмс вели дека тие не биле искрени кон него.
„Прво и освновно, јас морам да се извинам“ - вели тој во воведот. „Должам големо извинување на сите кои ги повредив или сите на коишто им беше непријатно поради моето однесување. Сакам навистина, ама навистина да појаснам дека разбирам што сум направил и колку е тоа погрешно. Нема оправдување за тоа и не планирам да се правдам.“
„Во последните неколку недели, две различни личности, двете помлади од 18 години излегоа во јавност и кажаа дека сум им испраќал непримерни пораки преку социјалните мрежи. Една личност се јави минатата година, а другата не толку одамна“ - додава тој. Во своја одбрана, Џејмс вели дека и двете личности му кажале дека се полнолетни и дека тој испаднал наивен, па почнал да флертува со нив. Меѓутоа, кога открил дека имаат по 16 години, веднаш престанал да комуницира, па ги блокирал.
Интересно е тоа што еден од тинејџерите кој им се обрати на медиумите, тврди дека Џејмс лаже, односно дека веднаш му кажал дека има 16 години, пренесува „Insider“. Што е вистина, не се знае дали ќе дознаеме. Џејмс истакнува дека нема да сподели фотографии и видеа како доказ дека тој ја зборува вистината, бидејќи идејата не му е да се правда, туку само да каже дека тоа е погрешно и дека мора да им се извини на сите што ги повредил.
„Како возрасна личност, моја одговорност е да проверам со кој зборувам и никој не можам да обвинам освен самиот себе. Жал ми е што те додадов и што флертував со тебе, и жал ми е што ти беше непријатно. Тоа е неприфатливо“. Инаку, Џејмс во јануари призна еден ваков инцидент, а тогаш кажа дека сето тоа нема да му повтори. Сепак, се повтори! После сето ова, изгледа дека тој може да биде пресреќен што вака се заврши, бидејќи изгледа дека ќе помине без правни последици.