Џејмс Чарлс заработи казна: Јутјуб реагираше поради новата афера

Џејмс Чарлс заработи казна: Јутјуб реагираше поради новата афера

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Овој потег ја спречува Јутјуб ѕвездата да заработува од рекламите на своите видеа...

Јутјуб го демонетизираше каналот на Џејмс Чарлс поради неговото допишување со малолетници. Тоа значи дека некое време, не се знае до кога, Џејмс нема да заработува од реклами на својот канал, пишува „Her“.

Потпаролот на Јутјуб даде изјава во која ја образложи одлуката на компанијата:

„Доколку забележиме дека некој корисник на платформата ги крши правата на заедницата, вработените или екосистемот, надвор или на платформата, преземаме мерки за да го спречиме и поправиме тоа.“

Џејмс призна дека разменувал пораки во кои флертува со малолетници и тоа во видеото кое неодамна го сподели на социјалните мрежи. Во видеото кажа дека се срами од своите постапки и дека се чувствува засрамено. Рече дека ќе се потруди да се поправи. Видеото го објави откако на Интернет започнаа да кружат фотографии од неговите разговори со малолетниците.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: