Џулија Робертс ги покажа близнаците по повод 18-от роденден: Долго ги криеше, сега им го порача ова (ФОТО)
Еве како изгледаат и со што се занимаваат...
Џулија Робертс има три деца и скоро никогаш не ги експонира во медиумите и на социјалните мрежи, меѓутоа еден повод ја поттикна да го прекрши своето правило.
Џулија Робертс на Инстаграм објави фотографија од своите близнаци под која напиша: „18. Ве сакам“. Покрај текстот, додаде и неколку емотикони кои симболизираат ѕвезди.
Ѕвездата на филмот „Pretty Woman“ има близнаци со сопругот, кинематографот Даниел Дени Модер, а го имаат и 15-годишниот син Хенри Даниел.
И додека актерката многу ретко објавува семејни фотографии, нејзиниот сопруг знае почесто да ѝ даде увид на јавноста од нивната семејна идила и среќни моменти.
За сега се знае дека нивните деца не планираат да се занимаваат со слична работа како нивната мајка, но бидејќи уште се тинејџери можно е да го променат мислењето по завршувањето на факултетот.
Актерката и Дени Модер се запознаа на снимањето на филмот „The Mexican“ во кој Џулија глуми со Бред Пит, а Дени Модер беше снимател. Двојката подоцна се венчаше на нејзиниот ранч во Таос, Ново Мексико, на 4 јули 2002 година.
На 28 ноември 2004 година, благодарение на вонтелесно оплодување, тие двајца станаа родители на преубавите близнаци, а три години подоцна добија уште еден син.
фото: Принтскрин / Инстаграм