Еден од најомилените јутјубери по последното видео изгуби над половина милион следбеници
Дури и видеото „собра“ многу дислајкови...
Шејн Доусон е еден од оние јутјубери кој сите го сакаат, бидејќи едноставно немаат причина да не го сакаат. Барем ситуацијата беше ваква до сега. Откако го објави последното видео, работите се променија.
Од теориите на завера, до забавните и смешни видеа кои ги снима со своето семејство и блиски пријатели, Шејн секогаш ги забавува своите следбеници со содржините кои ги објавува на Јутјуб. За тоа колку нетрпеливо се очекуваат неговите видеа и колку ги сакаат луѓето, говорат и бројките кои и ги има, а тоа е скоро 23 милиони. Кога го објави своето последно видео, работите драстично се променија. Пред неколку дена објави видео под назив „Taking Accountability“ во кое зборуваше за лошото однесување од својата младост. Од исмејувањето на различните раси до невкусните сексуални коментари за деца, Шејн во ова видео ја допре секоја тема и одлучи да раскаже, а воедно и да преземе одговорност.
Звучи како добра идеја, но откако видеото ја здогледа светлината на денот, одеднаш започнаа да се повторуваат се повеќе и повеќе негови стари видеа во кои не се однесува нималку примерно. Едно од тие видеа беше и она во кое Шејн глуми дека се самозадоволува, гледајќи Дизни постер на кој е Вилоу Смит, кога тогаш имала 11 години. Тоа видео го виде и Џејден Смит, како нивната мајка и јавно искоментираа дека ваквото однесување е одвратно.
SHANE DAWSON I AM DISGUSTED BY YOU. YOU SEXUALIZING AN 11 YEAR OLD GIRL WHO HAPPENS TO BE MY SISTER!!!!!! IS THE FURTHEST THING FROM FUNNY AND NOT OKAY IN THE SLIGHTEST BIT.
— Jaden (@jaden) June 27, 2020
To Shane Dawson ... I’m done with the excuses.
— Jada Pinkett Smith (@jadapsmith) June 27, 2020
По сево ова, Шејн за речиси два дена изгуби околу 700.000 следбеници. Иако на неговата бројка од над 22 милиони тоа не прави некоја голема разлика, сепак ова е голем број за толку кратко време. Во видеото во кое раскажува за својата младост „собра“ неочекувана количина на негативни коментари, како и илјадници дислајкови. Луѓето коментираа дека извинувањето делувало лажно и дека ништо не може да биде изговор за тоа однесување кое во видеото беше споменато, а кое јутјуберот се обиде да го „оправда“.