Една година од смртта на Кика Ѓукиќ: Мајката во солзи пристигна на нејзиниот гроб, покажа часовник со ликот на нејзината ќерка
Јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ трагично почина пред една
година, а нејзиното најблиско семејство и пријателите денеска одржаа панихида
на гробиштата Лешче.
Мајката на Кики, Наташа, се уште не може да се помири со ненадејната смрт на нејзината ќерка, па при доаѓањето на гробот се расплакала, а кога ги спуштила цвеќињата покажала голем ѕиден часовник со ликот на Кристина.
Ниту еден од колегите на Кика не бил виден на настанот, вклучувајќи го и јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, со кој Ѓукиќ била во конфликт.
Да потсетиме, Кика Ѓукиќ наводно се самоубила пред една година во изнајмен стан во центарот на Белград. Во последниве години таа се бореше со булинг, односно сајбер насилство, а нејзината мајка сè уште тврди дека починала под неразјаснети околности и се уште ги чека сите резултати од обвинителството кои ќе покажат што точно се случило на 8 декември 2021 година.
Наташа Ѓукиќ неодамна во својата исповед изјави дека тешко ја поднесува болката на нејзината ќерка.
- За прв пат изговорив: „Боже, земи ме мене, врати ја неа“. Тој момент не може да се опише. Не дај Боже некој некогаш да го доживее она што јас го доживеав таа вечер.
Фото и Видео: Јутуб