Една носеше високи потпетици од 3 години, друга се облекуваше како момче: Ќерките на познатите кои со изгледот го шокираа целиот свет (ФОТО)
Децата на познатите често се на удар на критики, како поради изледот, така и поради начинот на облекување ,а ова се некои од комбинациите на познатите девојчиња кои го шокираа светот...
Познато е дека кога познатите личности ќе добијат дете, сите, како медуми, така и обожаватели, будно го следат нивниото растење - од излегувањето од болница, преку појавувањата во јавноста, па до првите чекори и модни комбинации.
Под лупа на јавноста, децата на познатите тешко дека имаат нормално детство, бидејќи сѐ им е достапно и живеат во луксуз од раѓање. Постојано се под будното око на папараците и се соочуваат со разни коментари и критики. Не е толку редок случајот дека децата на познатите низ начинот на облекување или однесување го искажуваат својот став или да бидат забележани. Поради тоа имавме можност да видиме дека ќерките на познатите родители бил еи повеќе од непримерно облечени во јавноста, што предизвика расправа во целиот свет: Дали навистина е во ред девојчиња да носат фустани со деколте или високи потпетици?
Дискусијата неодамна повторно започна на неодамна одржаната Модна недела во Париз, а во продолжение ве потсетуваме за изданијата на ќерките на познатите кои го шокираа светот.
# Деколтето на ќерката на Викторија Бекам
Викторија ја претстави својата нова колекција на овогодинешната Mодна недела во Париз, а очекувано беше придружувана од семејството. Сепак, вниманието на сите им го украде Харпер, која прошета во фустан со прерамки од тантела и длабоко деколте, а изгледот го комплетираше со патики. Викторија е обвинета од поединци на Интернет дека е лоша мајка, бидејќи ѝ дозволила на својата ќерка да носи фустан кој многумина го сметаат за провокативен.
# Маската на ќерката на Ким Кардашијан
Ким Кардашијан еднаш откри дека на нејзината најстара ќерка ѝ е дозволено апсолутно сѐ. Исто така, таа неодамна изјави дека Норт минува низ гот фаза и дека слуша стар рок и метал, носи црна шминка и облека и става привремени тетоважи на лицето. Сепак, малкумина беа подготвени за изданието во кое Норт се појави на овогодинешната Модна недела во Париз. Имено, 9-годишното девојче се појави во необични панталони со ѕвезди и маичка со натпис, а изгледот го комплетираше со застрашувачка кожна маска која целосно ѝ го покриваше лицето и имаше два рога на грбот. Со оглед на тоа што и Ким и Канје сме ги виделе со вакви маски на лицата во минатото, јасно е дека ова е само логичен редослед на настани. Многумина овие потези ги окарактеризираа како морбидни, а истото мислење го делат и за малата Норт, која станува сѐ поекстремна во своето однесување.
# Високите потпетици на ќерката на Кејт Холмс
Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, Сури Круз, од самото раѓање е тема во таблоидите ширум светот. „Кејти Холмс ѝ дозволува на ќерката да носи високи потпетици“. Ваквите наслови беа многу популарни во 2009 година, кога Сури имаше само три години и, навистина, ги обожаваше детските високи потпетици. Тие денови низ медиумите можевме да видиме фотографии од девојчето кое излегува од градинка со чевли кои според мислењето на многумина мајка ѝ не требало да ѝ дозволи да ги носи.
# Момчешкиот изглед на ќерката на Анџелина Џоли
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло Џоли-Пит, дефинитивно важи за најинтересното дете на познати родители. Во претходните години, ќерката на Анџелина и Бред можевме да ја гледаме само во машка облека и со кратка фризура, додека денес ситуацијата е сосема поинаква. Познатата двојка изјави дека нивната ќерка имала само две години кога за прв пат кажала дека сака да се облекува како момче. Затоа, Шајло, уште како дете, побара да ѝ ја скратат косата и да ја викаат Џон. Таа тајно ја крадела облеката на своите браќа и ја носела, бидејќи не ѝ се допаѓала нејзината. Тогаш нејзината мајка ѝ дозволила да носи што сака. Многумина коментираат дека тоа е сосема погрешно и дека на децата не треба да им се дозволува да прават што сакаат, туку треба да бидат насочувани.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Профимедиа / Just Jared