Едноставна положба на рацете која може да ја направи секоја жена, но не и маж! (ВИДЕО)

Едноставна положба на рацете која може да ја направи секоја жена, но не и маж! (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Видеото поставено од оваа двојка е прегледано милион пати и ја покажува необичната разлика помеѓу машката и женската анатомија, пишува „The Sun“.

Во видеото, девојката Џејми од Сан Диего ги спојува подлактиците и лактите додека шаките ѝ се во тупаници.

Таа ги става рацете пред неа така што дланките и се свртени нагоре.

Нејзините лакти и подлактиците остануваат заедно кога ги спушта рацете, но кога истото се обидува да го направи и нејзиното момче Рас, неговите лакти не остануваат заедно.

Во видеото велат дека ова го можат само девојките, а гледачите се обидуваат да го испробаат овој трик.

Станува збор за различната анатомија на мажите и жените. 

@_byjemmi wow #couplegoals #couplecomedy #trend original sound - laparasian

Џастин од Институтот за анатомија вели дека тоа е таканаречениот „агол на носење“, што е растојанието помеѓу лактот и телото.

Кога стоите со рацете до телото со дланките свртени настрана од вас - растојанието што се формира помеѓу лактот и телото е аголот на носење. Жените имаат тенденција да имаат повисок агол на носење од мажите. Аголот кај жените е оддалечен 14 степени од телото, додека кај мажите е 11 степени.

Ова се објаснува со фактот дека жените имаат пошироки колкови и затоа им треба повеќе простор за замавнување на рацете.

Исто така, аголот на носење е поголем кај ниските луѓе, а жените обично се пониски од мажите, па и ова би можело да биде едно од објаснувањата.

Извор: Telegraf.rs


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: