Ексклузивни фотографии и писма: Бунтовничката Анџелина Џоли (14) како тинејџерка - позира пред гробишта
Никогаш претходно видените фотографии и писма ни откриваат интимни детали од животот на Анџелина Џоли пред таа да стане најпознатата актерка во Холивуд. Ексклузивните слики и преписки добиени од DailyMail.com нудат редок преглед на тинејџерските години на Оскаровката. Ѕвездата на Малефизент може да се види на 14 години на сликите со пријателите, како се забавуваат, јадат, пијат, па дури и позира пред гробишта.
Изворот, кој ги обезбедил сликите и писмата побарал да остане анонимен, инаку за прв пат се запознал со Енџи кога двајцата оделе во средното училиште „Ел Родео“ во Лос Анџелес, Калифорнија. Тој/таа станал/а блиска со Џоли, и ја опишува Енџи како „ексцентрична и убава“ со интерес за „темната страна“.
Писмата се адресирани до нејзини пријатели и семејство, во нив Џоли пишува за момчето кое и се допаѓа, за значењето на животот и го опишува односот која го има со семејството.
фото: Providedизвор: dailymail.co.uk
Поврзани вести:
Анџелина откри како ја смирува вознемиреноста на своите деца за време на пандемијата на коронавирусБакнеж со братот, има најлоши титули, но е најубава од сите: Џоли наполни 45 години
Најстарото биолошко дете на Анџелина и Бред наполни 14 години: Ќерката Шило сака да стане момче