Емили Ратајковски на снимање со бебето: Полот на детето ќе го откриеме за 17 години, а сега само знаеме дека е преслатко
Убавата манекенка имаше снимање за познатиот бренд Версаче, но сепак во центарот на вниманието беше нејзиното едногодишно дете...
Емили Ратајковски со своите скоро 30 милиони следбеници на Инстаграм сподели фотографии од бебето Силвестер(а), со кое дојде на снимањето за италијанската модна куќа Версаче.
Посебно интересно за медиумите беше тоа што Емили пред некое време изјави дека таа уште нема да го открие полот на своето дете додека не наполни 18 години и додека самото не каже како се чувствува.
Една од најубавите жени на светот носеше долг розов фустан со гол грб, додека го држеше своето дете за рака, што предизвика вистинско воодушевување кај нејзините обожаватели.
Емили за бебето имаше подготвено специјална комбинација. Тоа носеше црни бермуди и жолта-црвена-сина маица, а посебен детаљ беше металниот синџир - ремен.
Малиот модел, како што го нарекуваат некои од следбениците на манекенката, позираше и со Донатела Версаче.
„Слај и тетка Донатела Версаче“ - напиша Емили на сторито кое го објави на Инстаграм.
На следното стори го покажа Слај како се смее додека стои со двете стилистки покрај масата исполнета со модни додатоци. Изгледа дека детето одлично се забавувало, што потврди и самата Емили.
„Некој навистина добро си помина“ - напиша Ратајковски на тоа стори.
фото: Принтскрин / Инстаграм