Емотикони кои се за возрасните: Младите велат дека овие 10 повеќе никој не ги користи, бидејќи се „кринџ“
На овие емотикони им помина времето и сега ги користат само мајките и тетките...
Емотиконите ги користиме скоро во секоја порака, а со оглед на тоа кои ги одбираш, можеш да видиш дали си уште млад или годините те газат, бидејќи како што вели генерацијата Z, овие 10 емотикони младите повеќе не ги користат.
Секоја година излегуваат потполно нови емотикони, некогаш се корисни и почнуваме веднаш да ги користиме, некогаш баш и не. Со оглед на тоа кои емотикони најчесто ги испраќаш, можеш да видиш дали припаѓаш во „тимот на млади“ или треба да се сметаш за „стара“ личност. Агенцијата Perspectus Global направи истражување на 2000 млади кои имаат помеѓу 16 и 24 години и кои открија кои емотикони повеќе не се ИН и сега се користени само од страна на возрасните, пишува „Метро“. Според нив, дури 10 емотикони може да се издвојат како оние кои ги користат возрасните. На младите повеќе не им се интересни, бидејќи има нови, а овие според нив се „кринџ“.
Емотиконите кои ги има прегазено времето ги предводи „кренатиот палец“. Занего најмногу млади се сложија дека одамна му поминала актуелноста и дека сега според нив, го користат само возрасните. Шансите за некој млад да испрати било кој од овие емотикони се многу мали.
# Кренат палец
# Црвено срце
# Рака која го покажува знакот за „ОК“
# Знак за точно
# Гомце
# Емотикон на кој му течат солзи
# Мајмун кој си ги покрива очите
# Раце кои аплаудираат
# Усни бакнеж
# Емотикон со стиснати заби
фото: Denis Cherkashin / Unsplash