Еукануба - премиум храна за домашни миленици: Препорачана од врвните одгледувачи и ветеринари

Еукануба - премиум храна за домашни миленици: Препорачана од врвните одгледувачи и ветеринари

Објавена во: После „Школо“ // PR

Правилната исхрана е од пресудно значење за здравјето на милениците. Денешниот брз начин на живот оневозможува готвење, но тоа бара и одредено познавање од нутриционизмот и физиолошките потреби на кучињата и мачките.

Од таа причина е развиена индустријата за производство на дехидрирана-гранулирана сува храна. Под тој поим се подразбира избалансирана и потполна храна од природни суровини кои во потполност треба да ги задоволат  дневните потреби на сите категории и возрасти на миленици.

Денес на пазарот во републикава може да се најдат над 40 храни од кои треба да ја одберете најдобрата. Компарацијата би била слична како помеѓу колите. Една од најдобрите е секако ЕУКАНУБА која има широка палета на храни кои ги се делат  во  зависност од возраста, телесната тежината, потребите за време на бременост и доење, храна за виско активни кучиња, храна за постари кучиња итн. Исто така во својата палета има и линија на ,,диетални-медицински храни,, кои се наменети за  посебни потреби и проблеми кај дигестивниот тракт, алергии и проблеми со кожата и влакното, бубрежни проблеми, проблеми со дебелината итн.

ЕУКАНУБА храната за миленици има повеќе од 70 години традиција , а на македонскиот пазар е присутна повеќе од 20 години. Првично се произведувала само во САД, а подоцна за европскиот пазар фабриката е во Холандија. Денес Еукануба е дел од гигантот Spectrum brands.  ЕУКАНУБА е создадена во соработка со ветеринарите и препорачана од врвните одгледувачи. Таа е 100% комплетна и избалансирана  храна која ги задоволува комплетно сите потреби на кучињата и мачките и придонесува за продожување на животот за 1-2 години според научни испитувања.

Тимот на ЕУКАНУБА вклучува експерти од повеќе области нутриционисти, биолози, хемичари, микробиолози, инжињери се со цел да создаде квалитетни оброци за нашите миленици. 

Производството подлежи на ригорозни контроли за квалитет и се користат само квалитетни состојки кои обезбедуваат одличен, безбеден оброк, кој не содржи бои, конзерванси, адитиви, ГМО. Секој тип на храна поминува повеќе од 120 проверки пред да се пушти на пазарот придржувајки се до HACCP и AIB сертификатите за квалитет. Стандардите за производство се исти како за производство на детска храна.

Поаѓајки од фактот дека мачките и кучињата се месојади и во својата исхрана им треба месо, суперпремиум храната ЕУКАНУБА на прво место содржи протеини од животинско потекло како што е пилешкото, мисиркино, јагнешкото, лосос. 

Еукануба освен протеините од животинско потекло содржи и оптимални количини на јаглехидрати, масти, витамини, минерали. Содржи калциум, фосфор и глуказамин за здрави коски и зглобови, природни извори на омега 3 и омега 6 масни киселини за здрава кожа и влакно, пребиотици и пробиотици за потпора на здрава дигестија, антиоксиданти, витамини во подршка на имунитетот. Специјалната форма на зрнцата (хексагонална форма) заедно со Dental defense формулата придонесуваат за чистење на забите во текот на јадењето и намалување на забниот камен.  

Храната Еукануба може да ја најдете исклучиво во специјализираните продавници - пет шоповите и ветеринарните амбуланти низ Македонија .

* ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: