Еве што ќе им подари Цеца на младенците за свадба: Анастасија и Гудељ ќе бидат воодушевени

Еве што ќе им подари Цеца на младенците за свадба: Анастасија и Гудељ ќе бидат воодушевени

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Младата пејачка и фудбалерот пред неколку месеци му се заколна на Бога на вечна љубов во манастирот Рајиновац, недалеку од Грочка.

Иако свадбата беше договорена тајно, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ решија да приредат две гала прослави за широк круг пријатели и роднини. Првата дестинација е Шпанија, каде ќе присуствуваат клупските играчи на Немања и најтесниот семеен круг, додека вистинската забава ќе се случи во Белград. Венчавката во Шпанија би требало да се случи на крајот на годината, а белградската прослава ќе се одржи следната, откриваат извори блиски до парот.

 Додека Анастасија се грижи за венчаницата и фустанот што ќе го носи потоа, Немања е задолжен за специјалното мени и листа на пијалоци. Венчаницата на Анастасија ќе ја потпише позната дизајнерка од Њујорк, која ќе биде изработена по нејзини мерки. Таа веќе го добила нацртот на креацијата заедно со понудените материјали за тој модел. За тоа време Немања се одлучил за шампањ кој пристигнува директно од Тоскана, додека сирењата кои ќе се служат доаѓаат од Шпанија и Италија.

- Анастасија и Немања на прославата во Шпанија ќе бидат домаќини на околу 50 луѓе, меѓу кои и семејството и кумата на Анастасија, како и клупските играчи на Немања и нивните пријатели од Севиља. Веќе се изнајмени соби во еден од најубавите хотели, а Цеца е пресреќна бидејќи ќе зачекори во домот кој Анастасија и Немања за првпат вредно го уредуваат. Анастасија особено се радува на свадбата на која најверојатно ќе присуствуваат Богдана и Вељко заедно со нивните деца - вели извор за „Блиц“.

Прославата во Србија ќе биде многу побројна од прославата во Шпанија. Свои гости ќе има и Цеца, а се очекува да дојдат и роднините на Гудеља од Требиње. По желба на Немања веќе се подготвуваат посебни менија на кои работат неколку готвачи. Анастасија е во хаос бидејќи покрај тоа што работи на фустанот, таа се занимава и со уредување на нивниот дом и други бројни ситници поврзани со свадбата, објаснува понатаму изворот.

Со оглед на тоа што Немања ја започнува својата сезона во Севиља, меден месец ќе мора да почека. Сепак, Анастасија и Немања ќе добијат патување до егзотична дестинација на подарок од Цеца, како што пишува „Блиц“. Се шушка дека Цеца подготвила уште подароци за изненадување на младенците, како и дека е крајно емотивна поради бракот на нејзината наследничка.

Фото:youtube/screenshot


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: