Евровизиска љубовна приказна: Се родија првите љубовни искри во Ротердам пред евровизиското финале
фото:Kenzo TRIBOUILLARD / AFP / Profimedia; Sander Koning / AFP / Profimedia
Во пресрет на финалето на Евровизија, од Ротердам веќе пристигнува потенцијална и многу забавна љубовна приказна - помеѓу претставниците на Норвешка и Азербејџан.
Норвежанецот Андреас Хаукеланд, попознат под прекарот Тикс и претставничката на Азербејџан, Ефенди со денови флертуваат на социјалните мрежи.
Првиот чекор го направи Тикс откако ѝ посвети неколку песни на Ефенди, кои ги отпеа за време на подготовките.
„Евровизиска љубовна приказна посветена на Азербејџан. Означете некој што треба да го види ова. Совет: нејзиното име започнува со Е ", напиша Тикс.
А Ефенди му одговори, откако доби букет рози.
"Моето срце е твое. Тикс “, гласеше пораката од норвежанецот.
Ефенди му испрати шише вино и постер на кој пишува:
„Каде би сакале да одите со мене? А) вечера, Б) во Баку, Ц) финале на Евровизија “, му напиша таа.
За почеток, тие заедно ќе бидат во финалето на Евровизија и, како што се чини, после тоа и некаде на друго место. Ефенди ја претставува својата земја на Евровизија со песната „Мата Хари“, додека Тикс ја пее „Паднат ангел“ во еден од најимпресивните котими на Евровизија.
извор:zadovoljna.nova.rs