Фала што постоиш: Стефан Лазаров со ретро фотки ѝ го честиташе роденденот на својата вереница
Покажа како изгледале на почетокот на врската...
Познатиот јутјубер Стефан Лазаров во септември минатата година ја запроси својата долгогодишна девојка Марта, а веќе на големо се подготвуваат за денот кога ќе го кажат судбоносното „да“.
Пред да ја побара нејзината рака, Лазаров беше 6 години во врска со Марта, а иако порано поретко споделуваше фотографии со неа, сега тоа повеќе не е случај. Таа често може да се види како на неговите профили на социјални мрежи, така и во неговите видеа на Јутјуб.
Сега, повторно сподели нивни заеднички фотографии и тоа од почетоците на нивната врска, а поводот е роденденот на неговата сакана.
„Среќен роденден смотана. Те сакам и фала што постоиш“ - напиша Лазаров на една од фотографиите, по што додаде и емотикон срце.
фото: Принтскрин / Инстаграм