Фала што постоиш: Стефан Лазаров со урнебесни фотки ѝ го честиташе роденденот на својата девојка

Фала што постоиш: Стефан Лазаров со урнебесни фотки ѝ го честиташе роденденот на својата девојка

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Иако долги години е во врска, требаше да помине одреден период додека јутјуберот Стефан Лазаров да ја покаже својата девојка Марта Младеновска. Од првото појавување во едно од неговите јутјуб видеа, Марта имавме можност да ја видиме во уште многу други, потоа таа се појави и во спотот на песната „Ти“, но и на многу Инстаграм објави кај познатиот јутјубер.

Сега, Стефан искористи една прекрасна прилика за да сподели неколку фотографии од нивните заеднички авантури, меѓу кои има и неколку урнебесни, кои се направени во домашен амбиент. Имено, денес на Марта ѝ е роденден, а Лазаров овој пат јавно ѝ го честиташе со фотките кои ги објави на својот Инстаграм профил. Покрај истите кратко и јасно напиша: „Фала што постоиш. Среќен роденден“.

Во коментари, многу од следбениците на Лазаров се придружија кон честитките и ѝ посакаа најубави желби на Марта.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: