Фановите побараа, Ања ја исполни желбата: Како звучи „Еооо, Еооо“ 10 години подоцна?

Фановите побараа, Ања ја исполни желбата: Како звучи „Еооо, Еооо“ 10 години подоцна?

Објавена во: Stars // Музика

Младата пејачка Ања Ветерова пред неколку дена го прослави својот 21 роденден. Сега и по американските закони е полнолетна и кога ќе замине за Америка, каде што студира, ќе може да ужива и да се забавува на тамошните ноќни забави.

Но, додека е во Македонија и додека состојбата е ваква каква што е и сите повеќе или помалку го избегнуваме излегувањето од дома, таа најде интересен начин за да си го потполни времето. Имено, им дозволи на своите обожаватели да и поставуваат разни прашања, а таа се потруди на секое да даде соодветен одговор.

Помеѓу морето прашања, Ања доби и една молба - да ја отпее песната „Еооо, Еооо“, со која во 2010 година ја претставуваше Македонија на Јуниорската Евровизија. Пејачката без никакво двоумење, веднаш го отпеа рефренот од оваа песна, а како звучи истата по 10 години, слушнете во продолжение.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: