Ретро фотки и емотивна порака: Од кој Ања Ветерова ја доби најубавата роденденска честитка?
Пред да започне пандемијата на коронавирус, сите ги прославувавме родендените со големи забави и на најразлични локација, но со почетокот на истата тие работи станаа минато. Младата пејачка Ања Ветерова е уште една во низата славеници, кои овогодинешниот роденден ќе го прослават на еден досега непознат начин.
Минатата година, пејачката за Хаштаг откри дека роденденот ќе го прославува на Халкиди, а исто така ги откри и роденденските желби, за кои веруваме дека и оваа година се на нејзината листа, со оглед на целата ситуација со која се соочуваме.
Но, нејзините најблиски на најразлични начини се потрудија уште на самиот старт да и го направат овој ден за паметење. Покрај многубројните честитки кои пристигнаа на нејзина адреса, најмногу не привлече онаа од нејзиниот близок пријател од Перу. Тој на Ања и испрати букет цвеќе и искрени честитки за роденденот, кои Ања ги сподели на својот Инстаграм профил.
Но, од сите честитки најмногу се издвојува онаа што доаѓа од нејзината мајка и која е полна со љубов.
„Девојче мое, моја прва љубов, моето се, ти ја посакувам целата среќа на планетата, да продолжиш да сонуваш, соновите да ти се остварат, цврсто да газиш по ѕвезденото небо и секогаш да бидеш насмеана и сакана“ - беа зборовите со кои гордата мајка и го честиташе роденденот на својата ќерка, а истите беа пропратени со ретро фотки од детството на Ања.
Би можел ли некој да остане рамнодушен на овој гест?