Фејсбук и Твитер ги обоија своите икони во црно: Знаете ли зошто?

Фејсбук и Твитер ги обоија своите икони  во црно: Знаете ли зошто?

Социјалните мрежи Твитер и Фејсбук ги променија профилните фотографии на нивните официјални страници, а нивните икони сега се црни.

Со овој потег одлучија да покажат солидарност во борбата против расизмот која во светот зема се поголем замав, пишува Business Insider.

Откако полицаец во САД го уби црнецот Џорџ Флојд за време на апсење, многу Американци почнаа да протестираат и на училиците се појави неред, а повеќе луѓе започнаа да бараат конечно искоренување на расизмот во општеството.


„Расизмот не е дел од социјалното дистанцирање. Среде растечкиот страв и несигурност поради пандемијата, забележавме нешто неблагодарно. Расизмот и неправдата со кои скоро секојдневно се соочуваат луѓето со темна боја на кожата“ - порачаа од Твитер.

Два дена по овој потег на Твитер, истото го направи и Фејсбук,а новата фотографија на профилот за само два часа собра скоро 300.000 лајкови.


Може да ве интересира:

Го кренаа гласот против расизмот: Тејлор, Ариана и Били помеѓу најгласните

Можеби ќе ве интересира: