Фејсбук станува „мрежа за постарите“: „ТикТокот на Инстаграм“ решение за проблемите

Фејсбук станува „мрежа за постарите“: „ТикТокот на Инстаграм“ решение за проблемите

Фејсбук неодамна објави дека на 10 јули ќе ја исклучи апликацијата Lasso, која беше креирана да стане конкурент на кинескиот ТикТок.

Намерата на американскиот интернет гигант е да се фокусира на својата апликација со слична намена наречена - Instagram Reels.

Lasso започна во ноември 2018 година и беше достапен само во САД и уште 10 земји во Латино Америка. Како ТикТок и Lasso прикажуваше видеа во траење од 15 секунди, со репродукција на познати песни во позадина.

Од друга страна, Instagram Reels не е посебна апликација, туку ќе биде додадена како опција во рамките на Инстаграм, која на корисниците ќе им овозможи снимање на кратки видеа кое ги бидат следени со кратка музичка подлога.

Фејсбук не сака да земе дел од колачот на ТикТок, бидејќи и Јутјуб планира да ја лансира своја апликација со истите функции

И додека, за бранот на економска војна меѓу САД и Кина бројни експерти и претставници на различни интернет компании тврдат дека ТикТок не е безбеден и ја загрозува приватноста на своите корисници, може да се крие и друга причина.

Во едно неодамнешно интервју, оперативната директорка на Фејсбук, Шерил Сандберг истакна: „Метеорското искачување на ТикТок буквално го 'исече' приливот на нови млади корисници“. Сандберг во интервјуто дури и призна дека нејзините деца користат ТикТок. 

Во ваква ситуација, единствено нешто што би можело да му помогне на Фејсбук е засилениот надзор на апликациите кои потекнуваат од КИна, од „безбедносни причини“, па дури и можна забрана која како една од можностите, беше најавена од американската администрација.


Можеби ќе ве интересира: