Филипче кажа што да направите ако не сте добиле термин за вакцинација а имате над 40 години

Филипче кажа што да направите ако не сте добиле термин за вакцинација а имате над 40 години

Објавена во: Живот // Живот

Граѓаните над 40 години кои се пријавиле на vakcinacija.mk , а не добиле порака за термин, да проверат кај матичниот лекар за терминот за вакцинација, бидејќи имаат искреирано термин, но најверојатно поради некакви технички причини (погрешен телефонски број, или меил) не добиле смс или електронска порака дека имаат термин за да се вакцинираат.
Ова го соопштија од министерството за здравство.
Од таму посочуваат дека жителите на Скопје кои имаат над 40 години добиле термин, а сами покажале интерес за вакцинација.
Граѓаните од внатрешноста пак, оние над 40 години термини за вакцини ќе добијат во следните три дена.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: