Финската премиерка Сана Марин пораснала во лезбејски брак

Финската премиерка Сана Марин пораснала во лезбејски брак

Објавена во: Совети // Семејство

Изјавата на финската премиерка Сана Марин дека Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва во врска со војната во Украина денес е тема број еден во медиумите.

Марин за време на нејзината посета на Австралија, рече дека руската воена акција во Украина ги разоткри европските слабости и стратешките грешки во односите со Москва.

А малкумина знаат дека најмладата премиерка во Европа, пораснала во лезбејски брак.  Таа живеела со мајка ѝ и нејзината партнерка во изнајмен стан.

Во едно интервју Марин за себе вели дека како дете се чувствувала невидлива, бидејќи не можела отворено да зборува за своето семејство пред  другите луѓе.

Не пропушта да подвлече и дека мајка ѝ отсекогаш ѝ била најголема поддршка:

- Ме воспита учејќи ме да верувам дека можам да направам се` што ќе посакам.

Сана не крие дека не потекнува од семејство интелектуалци и дека, всушност, е прв член од семејството кој воопшто се запишал на факултет.

Како свои интереси освен политиката ги наведува: поминувањето на добар дел од времето во природа и физичките активности.  Во својот мандат, како што вели, ќе се заложува за еднаквост, слобода, глобална солидарност, еколошка одржливост и заштита на околината.


Фото: youtube

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: