Фитнес тренер 30 дена јадел само пица: Она што се случило со неговото тело и здравје е вистинско изненадување
30 дена јадел само пица, а она што се случило со неговото тело и организам е вистинско изненадување...
Јутјуберот и фитнес инструктор Никола Вејновиќ за 10 дена изел 300 јајца за да види како тие влијаат на организмот. Неговиот експеримент го следеле повеќе од 150.000 луѓе.
Меѓутоа, Никола не е единствениот фитнес тренер кој добива вакви идеи, а неговиот колега, Рајан Мерсер одлучил секој ден да јаде пица, за да докаже дека и на тој начин може да се симнат вишокот килограми.
Имено, Рајан 30 дена јадел исклучиво пица: „Имав цел да истакнам дека губењето на маснотиите не е поврзано со внесот и исфрлањето на калориите, туку и дека не се рабноти за ограничување“ - објасни тој.
Инаку, исхраната на Рајан секогаш била внимателно планирана, а подразбирала здраво внесување на протеини и седум до десет порции овошје и зеленчук секој ден. Меѓутоа, решил исхраната да ја сведе исклучиво на својата омилена храна - пицата.
„Пицата дефинитивно е еден од моите омилени оброци на сите времиња, така што уживав да ја јадам цел месец, иако се погрижив да имам голем избор од различни пици за себе да си дадам некоја варијација“ - кажа тој.
Бидејќи пицата важи за една од најнездравите намирници, која строго се забранува на личностите кои сакаат да ослабнат, Рајан сакаше да го докаже спротивното. Значи, имаше за цел да јаде пице и да ослабне, а воедно успеал во тоа.
„Јас го дизајнирав системот и тоа ме доведе до својата цел“ - објасни тој и додаде: „Јадев две пити пица и една поголема пица на база на тесто на еден ден, што е околу 10 кришки дневно“.
Рајан ја препорачува оваа диета само ако одговара на начинот на живот на личност, наведувајќи „сите се различни“. Неговото видео собра повеќе од 2 милиони прегледи и предизвика голем одзив кај неговите обожаватели.
„Имав некои негативни коментари, некои многу смешни и секако некои позитивни повратни информации. Единствена работа која ни е заедничка е дека сите јадеме храна, така што секој има некое мислење кога е во прашање исхраната“ - заклучи фитнес тренерот.
фото: Принтскрин / Инстаграм