(ФОТО) Девојче напишало писмо на својот мртов татко: По 6 години добила одговор
Зои Хемсинг едвај имала три години кога нејзиниот татко починал. И покрај нејзината воздраст, таа не го заборава својот родител.
Секоја година, малото девојче пишува роденденска картичка за роденденот на татка си. Ја врзива истата на балон полн со хелиум и го пушта во небото.
Ова траело 6 години, а потоа одеднаш се случило вистинско чудо.
На 6 август, како и обично, Зои му напила писмо на својот татко:
„Тато, како си? Јас сум добро. Среќен 34 роденден. И мојот доаѓа наскоро. По 24 дена - на 30 август, се сеќаваш ли? Ти посакувам се најдобро. Прославувај таму горе со твоите пријатели. Те бакнувам“.
На крајот од својата порака, Зои додала: „Напиши ми нешто, те молам. Со љубов, твојата Зои.“
Писмото летнало заедно со балонот во небото. Три недели подоцна, баш на роденденот на девојчето, се случило најголемото изненадување - стигнало писмо од таткото.
Испраќачот на пораката ја напишал „Твојот татко“.
„Драга Зои, ти благодарам многу за прекрасните желби за мојот роденден. Јас сум добро. Се надевам дека одлично напредуваш на училиште. Сакам сака да е така и да бидеш одлична. Биди мила и љубезна кон пријателите, а најмногу кон мајка ти. Те сакам многу, моја Зои! Прослави го твојот роденден соодветно и забавувај се! Од татко ти.
П.С. Твоето писмо ме направи многу среќен, ти благодарам“.
Емоциите што ги доживеало девојчето тешко дека може да се опишат со зборови. Нејзината мајка исто така го објавила писмото од „таткото“ на Зои на социјалните медиуми.
„Се обидувам да ја најдам оваа прекрасна личност. Јас лично сакам да и се заблагодарам за она што го направи за моето дете“ - пишува на објавата. Таа ги праша своите следбеници да и помогнат и да го споделат нејзиниот пост.
Повеќе од 20.000 луѓе одговориле на нејзиниот повик, но за жал, без никаква корист.
„Чудесно е што се уште има прекрасни луѓе со големи срца“ - пишуваа некои од корисниците и се восхитуваат на чинот на странецот. Многумина дури го нарекуваат и херој.
И покрај барањата, никој не го откри идентитетот на лицето кое го испратило писмото. Но, можеби подобро - Зои ќе има свое чудо - писмо од нејзиниот починат татко кој ја оставил многу рано, но не по сопствена волја.