(ФОТО) Девојчиња во редица за донирање коса за децата болни од рак

(ФОТО) Девојчиња во редица за донирање коса за децата болни од рак

Објавена во: Совети // Семејство

Новата јавна акција за шишање и донирање на коса „Моја коса твоја коса“, се одржуваше изминатиот викенд во Сараево, во еден трговски центар.

Жени, девојки и девојчиња чекаа во ред за да ја донираат својата коса.

Оваа акција ја реализира Здружението „Срце са дјецу оболени од рака“, а преку оваа донација, се изработуваат перики од соберената коса и потоаим се даваат на децата да ги користат кои за време на третманот, лекувањето и борбата со болеста ја изгубиле својата коса.

„Излекувана сум, но на својот пример не доживеав губење на коса, но ова секојдневно го преживувам преку децата кои престојуваат во Родителската куќа и можам да ви кажам дека чувството кога на детето ќе му ставите перика на главата не може да се опише. Кога ќе видите колку таа перика го надокнадува губењето на коса, мислам дека сите овие луѓе би биле многу посреќни, отколку денес бидејќи донираат коса“ - вели за faktor.ba Нејра Мусиќ.

Исто така голема поддршка на овој проект е и амбасадорката на истиот Амра Силајџиќ Џеко, која и самата ја донирала својата коса на една од претходните акции.


Фотографиите се преземени од порталот faktor.ba.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: