(ФОТО) Џастин не остана должен на обожавателот кој го нападна поради сопругата

(ФОТО) Џастин не остана должен на обожавателот кој го нападна поради сопругата

Објавена во: Stars // Музика

Џастин Бибер предизвика бурни коментари на интернет поради фотографијата која ја сподели, а во прашање е неговата убава сопруга Хејли Болдвин, која е без шминка.

Следбениците на Џастин покрај лајковите почнаа да оставаат и коментари на сметка на убавата манекенка која од минатата година е госпоѓа Бибер и многумина ја сметаат за „најпосакувана жена во светот“.

Но, тука се јави и еден следбеник на Бибер на кој не му се допадна тоа што пејачот постојано се фали со убавината на својата сопруга, па му порача: „Сакај ја ако ја сакаш, но не објавувај постојано нејзини фотографии за ние тоа да го слушаме и гледаме постојано“.

Пејачот не му остана должен, па му возврати.

„Тоа што јавно ја почитувам мојата сопруга е прекрасна работа и за неа и за мене. Не те терам да ги гледаш овие фотографии, ти ме следиш мене. Да престанам можеби и да снимам љубовни песни, бидејќи се за неа? И тоа би ти пречело? Ова е мој живот, отследи ме, те молам“ - му порача Џастин.

Џастин неодамна се отвори и изјави дека неговиот живот се променил драстично откако Хејли се појавила во неговиот живот

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: