(ФОТО) Ербе, момчето од струмичкиот плоштад: Првпат по 13 години го прослави роденденот
Ербе е 13 - годишно момче, кое доколку сте се прошетале низ струмичкиот плоштад со сигурност сте го забележале. Повозрасните жителите на Струмица велат дека тој е културен и мирен и дека не прави проблеми, а за младите е пример за тоа како треба да се однесуваат.
Со оглед на неговата ситуација, две струмички компании решија да го изненадат Ебре по повод неговиот роденден. Слаткарницата „Бисер“ и салонот за убавина „Поинт“ беа покрај него за овој ден, му подарија торта и многу искрени желби.
„Ние сме уште посреќни што му го разубавивме роденденот“ - вели една од вработените за strumicadenes.mk.