(ФОТО) Гордост на мајка: Вук е уште еден музичар во семејството Тодевски!
Семејството Тодевски, односно семејството на популарните пејачки Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска е познато по своите музички корени. Родителите на овие сестри се исто така музичари, односно нивниот татко Велко бил професор по контрабас, а мајка им Бранка оперска пејачка, па неминовно е наследувањето на овој талент.
Но, во ова музичко семејство се јавува уште еден млад музичар. Станува збор за Вук, синот на Тијана. Имено, тој денес го положи испитот по клавир, а по тој повод мама Тијана гордо сподели фотка со него и му честиташе за успехот.