(ФОТО) Хари и Меган со роденденската честитка за Вилијам ја згрозија јавноста!
Со оглед на „ладната“ роденденска порака, луѓето се прашуваат дали браќата навистина ги поправиле лошите односи.
Прицот Вилијам го прослави 37 роденден, а како иден крал на Велика Британија доби многу роденденски честитки. Како што пишува Her, една од нив на луѓето им се фати за око, онаа од неговиот брат Хари и снаата Меган Маркл.
Роденденот му го честитале во коментар под неговата Инстаграм фотографија. Напишале само „Среќен роденден на војводата од Кембриџ“. Притоа пишувале од својот официјален профил, бидејќи кралските семејства не смеат да имаат профили како „обичните луѓе“.
Ваквата честитка беше изложена на многу коментари од обожавателите на кралското семејство. Тие се запрашуваат зошто му го честитале роденден на толку ладен начин, бидејќи Хари сепак е негов брат.