(ФОТО) Кога мајката знае да одржи лекција: По фрлање на подарокот во ѓубре, следува каење

(ФОТО) Кога мајката знае да одржи лекција: По фрлање на подарокот во ѓубре, следува каење

Објавена во: Совети // Семејство

Хејли Хасел среќно прошетала низ три продавници за да ја развесели својата 6 - годишна ќерка со ново новчаниче за прибор со LOL ликови. Но, наместо да биде среќна, нејзината ќерка збеснала поради подарокот. Шокираната мајка на тоа изреагирала фантастично - мирно одлучила дека тоа новчаниче ќе го подари на некое сиромашно дете, а приборот за во училиште ќе и го стави во вреќички. Сакала со тоа да ја научи ќерка си на важна животна лекција која ќе ја памети целиот живот.

Хејли на својот Фејсбук објавила фотографии од целата ситуација, а покрај нив ја опишала целата ситуација: 

„Госпоѓицата Преслејг денес научи тешка љубовна лекција. Прошетав низ три различни продавници за да и го купам она LOL новчаниче за моливи кое го гледате таму доле. Кога денес ја изненадив со него (верував дека ќе биде пресреќна), го погледна и го фрли во корпата со ѓубре и ми ја тресна вратата од спалната соба. Викаше: 'Тоа е глупаво, сите во моето одделение го имаат... Не го сакам повеќе!'.


Океј, во тој момент веројатно ми излегуваше чад од ушите и многу се трудев да не ја изгубам контролата над ова дете за кое толку напорно работам за да го осигурам финансиски и да биде сигурна дека секогаш ќе го добие тоа што и треба. Но, секогаш ја учев да биде благодарна и да знае колку е всушност среќна, но изгледа и треба мало будење!!

Па, пред потполно да ја изгубам контролата, си повторував на самата себе да се смирам. И реков: 'Во ред, дозволи ми да ти дадам онаков каков што сакаш да користиш“... Се вратив со ново новчаниче, кое всушност беше зип вреќичка. На тоа навистина го изгуби разумот. Наеднаш оној кој претходно го фрлаше и беше подобар, а зип вреќичката и беше ужасна... но, беше прекасно. И реков да го извади новчаничето од кантата и дека утре ќе пронајдеме дете на кое навистина му е потребно. Она дете чии мајка и татко немаат пари за училишен прибор или ќе го подариме на некое дете што нема мајка и татко.


И објаснив дека нема право на екслузивни работи и да не збаорави на фактот колку е среќна во животот... Па така, сега кога ќе користи зип вреќичка и лично на некое дете ќе му го подари новото новчаниче.

Можеби понекогаш претерано реагирам, но би направила се само за ништо да не и недостасува. Искрено верувам дека промената на перцепцијата и благодарноста може да ја преобразат било која животна ситуација.“

Иако некои луѓе ја навредуваа оваа мајка, голем број ја поддржаа. „Браво мајко. Прекрасен пример за добар родител“, „Фантастично. Се што направи е 100% добро, продолжи така“ - се некои од добронамерните коментари, пренесува scoop.upworthy.com.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: