(ФОТО) Момче ја налути мајка си со фотките: Набрзо стана хит на Интернет!
Фотографирањето на училиште на сите ни било или ни е возбудливо. Со подготовки ноќта пред тоа и со вежбање на пози пред огледало. Но, на крајот фотките на многумина излегуваат катастрофално. Buzzfeed ја сподели приказната на мајката Стронајаи Мајлс која својот син го подготвила за фотографирање, а кога ги донел фотографиите дома, таа се шокирала. Малиот цело време „правел фаци“ и 'ржел како куче.
Мајлс кажува дека нејзиниот син има карактер и е многу харизматичен. Обожава да ги смее луѓето и се воодушевува кога ќе види камера. И претходно знаел да го земе таблетот, да прави смешни видеа и фотографии, но училишните требало да му бидат сериозни.
Мајка му фотографиите ги пронашла додека му ја подготвувала торбата и облеката за на училиште и се шокирала. Мајлс фотографиите ги сподели на Фејсбук и тие набрзо станаа вистински хит. Луѓето и се јавувале и и говореле дека нејзиниот син им го разубавил денот. Со тоа и се отвориле очите и сфатила дека не треба сите луѓе да бидат исти и дека уникатноста е прекрасна.
Како изгледаат вашите училишни фотографии?