(ФОТО) Не е дворец од Дизни филм: Тој навистина постои и има магична вода
Овој магичен дворец во Италија изгледа како место каде што се остваруваат соништата. Совршен е за снимање на филмови.
Не, ова е е дворецот во кој е сниман „Frozen“, но би можел да биде. Дворецот Casterpetroso се наоѓа на два часа возење од Рим. Но, не е фасцинантен поради својот изглед. Овој дворец е навистина магичен, а еве и зошто.
# Го краделе скоро 100 години
За овој дворец да изгледа волку магично, било потребно многу време. Архитектите работеле само со локалните уметници и изграден е од камен, кој само таму се наоѓа.
# Бројни легенди
Една приказна вели дека две девојки, Серафина и Фабиана, ја виделе Мајка Богородица како во својата прегратка го држи својот син кој крвари на местото каде што е изградено светилиштето. Ја барале изгубената овца и одеднаш ги осветлила чудна светлина која се продирала низ пукнатините во карпите.
Бројните локалци ја потврдуваат приказната за ова свето магично место. Кружи приказна и дека момче паднало од огромна карпа и останал потполно неповреден, бидејќи ова свето место го заштитило.
# Магична вода
Другата легенда вели дека на ова место имало извор со магична вода, која излечила момче од туберкулоза. Италијански новинар се заинтересирал за оваа приказна, па сакал да ја провери. Му дал од водата на болниот син, кој оздравил веднаш штом ја испил.
# Идеално место за одмор
Иако во самиот дворец не можеш да преспиеш, бидејќи се користи како црква, во близина е направен хостел. Совршено место за одмор, зарем не?
Доколку сакате да дознаете уште нешто за овој дворец и неговата богата историја, постои и музеј. Верувајте, тука бучавата нема да ви пречи. Можете да се одморите во природа, а пропратно да направите совршени фотки за вашиот Инстаграм профил.