(ФОТО) Меган Маркл повторно бремена?
Тричленото кралско семејство моментално е на турнеја низ Јужна Африка. Војводата и војвотката од Сасекс ја започнаа својата 10 - дневна посета, патувајќи со својот син Арчи.
Нивните чекори медиумите ги следат од првиот ден, а не е ни чудно што луѓето забележаа нешто невообичаено на Меган Маркл.
Најверојатно, губењето на килограмите по бременоста не е нејзина опсесија, за што жените ширум светот ја поддржуваат и ценат. Нејзиниот стомак јасно ѕиркаше од под фустанот.
Имено, сево ова ги поттикна фановите да претпоставуваат дека војвотката од Сасекс е повторно бремена. Според пишувањата на „Експрес“, во прашање се неколку детали кои допринеле до овој заклучок и дека војвотката ќе роди уште едно бебе во мај следната година.