(ФОТО) Принцезата Шарлот на 4 години почна да оди на училиште!

(ФОТО) Принцезата Шарлот на 4 години почна да оди на училиште!

Објавена во: Совети // Семејство

4 - годишната принцеза Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт, војвотката од Кембриџ денес започнува со училиште, каде што замина со нејзиниот брат, принцот Џорџ, пренесува DailyMail.

На самоуверената Шарлот денес исто така и се придружија и нејзините родители, а таа гордо ја носеше својата униформа. Директорката на училиштето, Хелен Хаслем чекаше да ја поздрави својата нова ученичка и се ракуваше со принцезата, која во мај го прослави својот 4 роденден.

Шарлот ќе го посетува училиштето Thomas's Battersea во Лондон, каде што за школарината за една година изнесува повеќе од 20.000 евра. Службената титула која ја носи е Шарлот од Кембриџ, додека нејзинито име кои и го дадоа Вилијам и Кејт гласи Шарлот Елизабет Диана.

Кејт и Вилијам исто така на Инстаграм се пофалија дека нивната ќерка започна да оди на училиште.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: