(ФОТО) Принцот Џорџ наполни 6 години: Мама Кејт сподели негови портрети
Првото дете на принцот Вилијам и војводката Кејт Мидлтон, принцот Џорџ наполни 6 години. По тој повод Кенсингтонската палата веќе традиционално објави нови фотографии од момчето. Станува збор за две фотографии, направени во градината на палатата. Малиот принц е фотографиран од страна на неговата мајка. Кралското семејство по тој повод на службениот Твитер профил ги сподели фотографиите.
„Овие фотографии во градината на палатата ги направи војводката од Кембриџ. Ви благодариме на сите прекрасни пораки и желби по повод роденденот на принцот Џорџ“ - пишува покрај фотографиите.
Покрај двете фотографии во фудбалски дрес, војводката Кејт направила уште една на која момчето позира во темнозелена маичка и кратки панталони на риги.
Принцот Џорџ е најстариот внук на кралицата Елизабета II и трет во наследниот ред за британската круна. Пред него се неговиот дедо Џарлс и татко му Вилијам.