(ФОТО) Синот на познатата Руби личи на мама, но внуката е вистинска копија!
Во 2004-та година таа беше атракција на мали екрани, како една од најубавите и најпривлечни актерки од шпанските серии. Станува збор за уругвајската актерка Барбара Мори, која се прослави со улогата на Руби Перез.
Таа вешто го криеше својот приватен живот од очите на јавноста, но пред три години веста дека стана баба, се рашири со молскавична брзина.
Барбара на само 19 години го родила својот син Серхио, кој е неверојатно колку личи на неа.
Земајќи го примерот на мама и Серхио станал родител млад. Имено и тој на 19 години станал татко, па така Барбара е една од најмладите баби. Нема сомнеж дека актерката ги обожава своите внуци, но по се изгледа дека внуката Луана и е омилена, бидејќи и вистинска копија на баба.