(ФОТО) Синовите на Памела Андерсон пораснаа: Сега се згодни момчиња
Од турбулентниот брак со пејачот и тапанар Томи Ли, Памела доби два сина: Брендон Томас, кој е роден во 1996 година и Дилан Џегер кој е роден во 1997 година. Иако многумина нејзини обожаватели сметаа дека таа на своите синови имињата им ги дала според јунаците од популарната серија на 90- тите „Beverly Hills“, Брендон и Дилан, актерката ги демантираше. Брачниот пар Ли официјално бил заедно само три години, а во тој краток период успеале да го зголемат бројот на казнени пријави за нарушување на јавниот ред и мир, а Томи поради семејно насилство бил осуден на затворска казна во траење од шест месеци.
Животот покрај двајца познати родители и неповолните услови на растење во семејниот дом се одразиле на двајцата синови. Постариот син Брендон признал дека во раната младост се борел со алкохолизмот, а не му било непознато и конзумирањето на дрога. Поради желбата да тргне по стапките на мајка му решил да оди на лечење и тврди дека денес успешно успева да оддолее на овој порок. „Пред три години бев на едно од најмрачните места во мојот живот. Не сакав да го напуштам мојот стан. Не можев ништо да направам“ - откри тој и додаде: „Оттогаш се отрезнив, едноставно чувствувам дека се е подобро за мене. Станав подобар актер. Станав подобар работник. Станав подобра личност“.
Моментално е посветен на актерската кариера, а првата официјална улога ја оствари во драмата „The Hills: New Beginnings“, која го следи животот на неколку млади луѓе во Лос Анџелес. Од животот во Лос Анџелес го утврдил следното „Нема да лажам, во ЛА животот е навистина комплициран, тешко е да се избегне од она што ве искушува. Девојки. Пари. Но, мојата кариера стана мој приоритет па немам голем интерес за забави“.
Помладиот син Дилан Џенер во 2016 година започнал кариера како модел, а неговата прва кампања била за познатиот Yves Saint Laurent. По тоа следеа кампањи за модните куќи, како Dolce&Gabbana. Сепак, во последно време тој одлучи да се насочи кон музиката и да оди по стапките на татко му и да се прослави како DJ.
Магазинот People во овогодинешното издание на „Sexiest Man Alive“ го објави 17 - годишниот Дамиан Харли, синот на актерката Елизабет Харли како најатрактивен наследник на позната личност. Младиот модел, зад себе го остави 23 - годишниот Брендон Томас, синот на Памела Андерсон.