(ФОТО) Со емотивни фотографии објавија дека го крштеваа малиот Арчи!
Војводката и војводата од Сасекс оваа сабота, на приватна церемонија во капелата на дворецот Виндсор го крштеваа својот првенец. Малиот Арчи е крстен на точно два месеци од своето раѓање. Иако многу медиуми шпекулираа дека Меган и Хари за кумови ќе одберат некои од своите познати пријатели, парот оваа чест одлучи да ја додели на свои блиски пријатели за кои наведоа дека го одбележале нивниот живот. По овој повод тие на својот инстаграм профил споделија две фотографии.
Неговата прабаба, кралицата Елизабета II ја пропушти оваа церемонија, бидејќи се наоѓа во Шкотска каде ги врши своите однапред договорени службени должности. На крштевањето присуствуваат останатите членови на кралството семејство. Вкупно имало 25 присутни, а меѓу нив била и некогашната дадилка на двајцата прицови.